Истрага за убиство од користољубие во Охрид, побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против 53-годишен жител на Брвеница, осомничен дека убил лице во Охрид за да спречи раскинување договор за доживотна издршка и стекнување имот.

Основното јавно обвинителство од Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против педесет и три годишно лице од тетовска Брвеница за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело убиство.
На 25 март осомничениот од користољубие го лишил од живот 76-годишниот Климе Митрески од Охрид во неговиот дом, со цел да го спречи да го раскине договорот за доживотна издршка.
„По вербална расправија околу одлуката на оштетениот, осомничениот физички го нападнал Митрески, удирајќи го по главата, а во истовреме држејќи го со другата рака преку носот и устата, со што го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт“, соопштуваат од Обвинителството.
По наредба на јавен обвинител е извршена обдукција на телото на починатиот.
Дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео-надзор, поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео-надзор за неговото движење и други материјални докази.
Сашо Нелоски
