Македонија

Третман на повредените од Кочани

28.03.2026 19:29

Со ласерски третман се лекуваат повеќе од 60 повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“. Процесот е долготраен, велат лекарите. Бара физикална терапија, но и психолошка поддршка. Истражувањето покажува – една третина од пациентите се со анксиозност и депресија.

Повеќе од 60 повредени во пожарот во кочанската дискотека се лекуваат на Клиниката за дерматологија со ласерски третман. Рехабилитацијата е долготраен процес кој бара специјализирана нега за изгореници, велат лекарите.

По третманите со ласер, дополнително ќе се направи проценка кај кои од пациентите ќе треба хируршка интервенција.

Покрај хоспиталните третмани, неопходна е и психолошката поддршка за пациентите. Кај една третина од пациентите се бележи раст на анксиозност и депресија, покажува истражувањето спроведено од Клиниката за психијатрија.

Според лекарите, третманот на повредените во пожарот во Кочани е долготраен процес кој бара и физикална терапија.

Ана Јосифоска