Свет

Втор ракетен напад на јеменските Хути врз Израел

29.03.2026 10:18

Хутите ветија целосна солидарност со Техеран. Иран пак, се согласи да дозволи дополнителни бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормускиот теснец.

Јеменските Хути поддржани од Иран, со втор ракетен напад врз Израел. Дрон бил забележан над градот Еилат, а крстосувачка ракета пресретната пред да стигне до израелска територија.

Хутите ветија целосна солидарност со Техеран. Иран пак, се согласи да дозволи дополнителни бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормускиот теснец.

Во Пакистан разговори со цел деескалација на конфликтот. Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Турција и Египет пристигнаа во Исламабад на разговори.

Во последните 24 часа регионот се соочи со повторени напади, вклучително и врз голема инфраструктура.