Два месеци Струмица и Југоистокот без заменик народен правобранител
Повеќе од два месеци граѓаните од Струмица и граѓаните од Југоистокот немаат заменик народен правобранител. Досегашното отиде во пензија а нов не се назначува па за прекршување на правата жителите нема каде да се обратат. Во меѓувреме распишан е конкурс за избор не само во Струмица туку и по другите канцеларии во земјава.

Неопходен е избор на заменик народен правобранител во Струмица кој покрива подрачје од речиси 200 илјади граѓани. Вака смета Славчо Тимов кој до пред два месеци ја извршуваше оваа функција а сега е пензионер со што жителите од Југоистокот нема каде да поднесат претставка за ускратени права од државни институции и органи.
Заменици народен правобранител освен во Струмица фалат и во други 5 канцеларии во земјава. Славчо Тимов смета дека нивната работа може да ја извршуваат и државни советници со овластувања бидејќи за заменици потребно е Бадентерово мнозинство во Собранието.
Годишно во подрачната канцеларија на омбудсманот во Струмица, според Тимов имало по 200 претставки а помош барале по околу 700 граѓани.
Деновиве објавен е конкурс за избор на 7 заменици кои ќе работат во Струмица, Штип, Битола, Куманово, Тетово и Скопје. Тие треба да поминат и филтерот на Бадентер во Собранието.
Ване Трајков
