Свет

Протести низ САД против администрацијата на Трамп

29.03.2026 10:47

Американците излегоа на улиците низ САД во знак на протест против претседателот Доналд Трамп и неговата администрација...

Американците излегоа на улиците низ САД во знак на протест против претседателот Доналд Трамп и неговата администрација, изразувајќи незадоволство поради војната во Иран, острите мерки против миграцијата и она што го доживуваат како сè поизразени авторитарни тенденции.

Протести се одржаа и во Европа. Демонстранти со барање Трамп да се повлече. Илјадници луѓе маршираа и во центарот на Лондон како дел од протестите „Без кралеви“ против војната во Иран и постапките на шефот на Белата куќа.