Регион

Локални избори во Србија

29.03.2026 12:23

Право на глас имаат 247.985 лица. Претходните избори во тие 10 единици на локална самоуправа се одржаа на 3 април 2022 година.

Жителите на 10 локални самоуправи во Србија денеска ја бираат идната четиригодишна локална власт. Избори се одржуваат во Аранѓеловац, Бор, Бајина Башта, Књажевац, Кладово, Смедеревска Паланка, Севојно, Кула, Мајданпек и Лучани.

Право на глас имаат 247.985 лица. Претходните избори во тие 10 единици на локална самоуправа се одржаа на 3 април 2022 година.

Се гласа од 7 часот утрово до затворањето на избирачките места во 20 часот.