Органодарителство

Триесет пациенти чекаат трансплантација на срце

29.03.2026 19:28

Во последните години се направи значаен исчекор во областа на трансплантацијата, но системот и понатаму најмногу зависи од една тешка, но хумана одлука – согласност на семејството на починат донор. Еден донор може да спаси осум човечки животи – порачуваат од Националното здружение на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето.

Македонија е далеку под европскиот просек кога се работи за органодарителство. Добивањето согласност од семејствата на потенцијалните донори оди тешко. Долга е листата на пациенти за кои трансплантацијата значи живот.

Посебно засегнати се пациентите кои живеат со механичка потпора на срцето.

Семејното органодарителство е позастапено. Илчо Гиовски е донор на црн дроб на својата деветмесечна ќерка.

Да се подигне свеста на граѓаните, да се биде хуман и во најтешките моменти. Порака од здружение на пациенти со механичка циркулаторна потпора на срцето.

Органодарителството е највисок чин на хуманост. Верските заедници го поддржуваат како чин на милосрдие, љубов и надеж.

Славица Величковска