Македонија

Неправилното користење на вештачката интелигенција, тивка закана за општеството

29.03.2026 14:46

Вештачката интелигенција станува дел од секојдневието на луѓето на глобално ниво. Таа сама по себе е неутрална, но начинот на кој се користи, може да биде погубен за општеството, сметаат социолозите.

Она што до вчера беше научна фантастика, денес е реалност. Вештачката интелигенција креира содржини, носи одлуки и влијае врз мислењето на луѓето. Брзиот развој на технологијата, го отвора прашањето дали сме подготвени за нејзино негативно влијание? Социолозите предупредуваат, неправилната употреба може да донесе сериозни општествени последици.

Освен влијанието врз комуникацијата, експертите предупредуваат и на економски, образовни низа други последици-доколку истата се користи без надзор од човекот. Доста големи се етичките дилеми во здравството, вели социологот, проф. д-р Златко Жоглев.

Дезинформации и манипулации, губење на работни места, нарушување на приватност, зависност од технологија и безбедности ризици, се дел од негативните последици кои ги носи неправилното користење на вештачка интелигенција.

Вештачката интелигенција сама по себе не е опасна-ризикот доаѓа од начинот на кој ја користиме. Затоа, клучни се етичките правила, законската регулатива и едукацијата на корисниците.

Александра Максимовска