Германија

Пожар во дискотека во Келн, нема тешко повредени

29.03.2026 14:14

Поголемиот дел од присутните на забавата во дискотеката ја напуштиле зградата до пристигнувањето на противпожарната служба.

Пожар избувна во дискотеката „Кис клуб“ во германскиот град Келн. Целата зграда била зафатена, во момент кога во неа имало околу 750 лица. Причината за пожарот сè уште не е позната.

Поголемиот дел од присутните на забавата во дискотеката ја напуштиле зградата до пристигнувањето на противпожарната служба. Нема извештаи за сериозни повреди, а три лица побарале медицинска помош.