Дебитантско славје на Кауфман-Абдерхалден
Во четвртиот женски спуст сезонава, во француски Вал Д Изер, триумфираше Швајцарката Маријане Кауфман-Абдерхалден. По двата пласмана на пиедесталот, од кои последниот во Лејк Луис пред три седмици, најголемиот успех досега во кариерата 27-годишната алпинка го оствари со време за 29 стотинки подобро од она на Словенката Тина Мазе. Ланската победничка во Светскиот Куп го забележа најдобриот резултат сезонава. Изненадувачки, третото место и припадна на малку познатата Австријка Корнелија Хитер, која заостана 52 стотинки и првпат се пласираше во Топ 3.

На тешката и комплексна патека во француското скијалиште, Американката Линдзи Вон мораше да застане во солзи поради болки во хронично повреденото колено. Тоа е загрижувачки за неа пред Олимписките Игри во Сочи, па заради претпазливост најави дека следен настап ќе има на брза трка дури во јануари. Германката Марија Хефл-Риш заврши деветта, а Швајцарката Лара Гут дури на 25.место.
По четири спуста во новата сезона, води Хефл-Риш со 269 бода, што е за 14 бода повеќе од денешната славеничка и за 55 бода повеќе од Тина Вајратер од Лихтенштајн. Во генералниот поредок на чело е Вајратер со 495 бода, само 5 повеќе од Хефл-Риш само 7 повеќе од Гут.
*
Спуст (ж) Вал Д Изер
1.Маријане Кауфман-Абдерхалден ШВА 1:47.28
2.Тина Мазе СЛО +0.29
3.Корнелија Хитер АВС +0.52
4.Тина Вајратер ЛИХ +0.63
5.Лоте Сејерштед НОР +0.94