Почнува судењето на Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната ќерка Катја изврши самоубиство
Во Кривичен суд за денеска е закажан почетокот на судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната ќерка Катја на 2-ри март изврши самоубиство по пад од балкон од семејниот дом во Тафталиџе.

Во Скопскиот кривичен суд за денеска е закажан почетокот на судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната ќерка Катја на 2-ри март изврши самоубиство по пад од балкон од семејниот дом во Тафталиџе.
Јовановски се товари за неколку кривични дела, телесна повреда односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.
Прибавените докази од страна на обвинителството укажувале дека Јовановски подолг период се однесувал насилнички кон Ивана.
