МВР
Кривична пријава за осомничениот 80 годишен грчки државјанин, за убиството во Виница
30.03.2026 11:10
80-годишен грчки државјанин, осомничен за убиство на ловочувар во близина на Виница. Против останатите тројца инволвирани, меѓу нив еден македонски државјанин, ќе има соодветни поднесоци

80-годишен грчки државјанин, осомничен за убиство на ловочувар во близина на Виница. Против останатите тројца инволвирани, меѓу нив еден македонски државјанин, ќе има соодветни поднесоци до Обвинителството, соопштија од МВР.
За расчистување на кривичното дело биле извршени претреси во возилата кои лицата ги управувале и во апартманите во Виница каде што престојувале.
Пронајдени се и одземени четири ловни пушки и речиси 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата, информираат од МВР!
