САД испраќа војска за борба против еболата
16.09.2014 11:22
Американските трупи ќе ја надгледуваат изградбата на новите медицински центри...

САД со војска ќе се борат против епидемијата на ебола. Претседателот Барак Обама треба да го објави својот план за испраќање 3 илјади војници во Либерија.
Американските трупи ќе ја надгледуваат изградбата на новите медицински центри и ќе помагаат во обуката на медицинскиот персонал.
Регионот на Западна Африка го критикуваше бавниот меѓународен одговор на заразата.
