Куба

САД дозволија руски танкер да пристигне во Куба

30.03.2026 15:53

Одлуката доаѓа и покрај острата политика на Трамп кон островот и неговите најави за поагресивен пристап...

САД дозволија руски танкер со околу 730 илјади барели нафта да пристигне во Куба, и покрај блокадата, во време на длабока енергетска криза, недостиг на гориво и чести прекини на струја. Одлуката доаѓа и покрај острата политика на Трамп кон островот и неговите најави за поагресивен пристап.

„Не ни пречи некој да испрати брод со нафта, затоа што им е потребно … мора да преживеат, без разлика дали е тоа Русија или не. Нема да има некакво влијание. Куба е завршена. Имаат лош режим и лошо корумпирано раководство. Еден брод со нафта – нема да направи разлика“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.