Србија

Вучиќ прогласи победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 општини

30.03.2026 08:44

Изборниот ден беше обележан со насилство, инциденти и бројни нерегуларности, вклучително и напади врз граѓани и новинари...

Српскиот претседател Вучиќ прогласи победа на владејачката СНС на локалните избори во сите десет општини, повикувајќи на обединување и смирување на тензиите.

Изборниот ден беше обележан со насилство, инциденти и бројни нерегуларности, вклучително и напади врз граѓани и новинари.

Опозицијата ги оспорува резултатите и најавува реакции, додека граѓански организации бараат транспарентен изборен процес.