Една жртва во поплавите во Србија, загрозени над 1.000 семејства
16.09.2014 11:26
Кладово уште од изутрината е отсечено...

Во поплавите што ја зафатија општина Кладово на истокот на Србија загина постара жена во населеното место Текија, а загрозени се над 1.000 семејства. Таму ситуацијата е најтешка и во тек е евакуација со чамци и хеликоптери.
Кладово уште од изутрината е отсечено – надојдената вода збриша два моста и ја пресече Ѓердапската магистрала.
Голема штета поради силниот дожд и ветер претрпе и хидроелектраната „Ѓерап два“, но нејзината работа не е загрозена.
