Премиерот Мицкоски и владината делегација денеска во Будимпешта
Во рамки на посетата на Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, при што ќе се разговара за продлабочување на билатералните односи...

Во рамки на посетата на Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, при што ќе се разговара за продлабочување на билатералните односи, економската соработка, како и за актуелните регионални и европски теми.
Предвидено е премиерот да се обрати и на бизнис форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде ќе се разгледуваат можностите за нови партнерства и унапредување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји.
Во состав на владината делегација се вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, како и директорите на клучни институции – Рефик Џемаили, Гоце Димовски и Даниела Димовска.
