Тенис

Јаник Синер ја потврди својата доминација на светската сцена

30.03.2026 10:51

Синер го освои турнирот во Мајами, откако во финалето го победи Иржи Лехечка со 2-0 во сетови, освојувајќи ги и двата престижни Мастерс турнири – Индијан Велс и Мајами.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер продолжува со блескави настапи и ја потврдува својата доминација на светската сцена. Тој го освои турнирот во Мајами, откако во финалето го победи Иржи Лехечка со 2-0 во сетови, освојувајќи ги и двата престижни Мастерс турнири – Индијан Велс и Мајами.

Со овој успех, Синер го комплетира т.н. „Sunshine Double“, и тоа без да загуби ниту еден сет – подвиг што досега не му успеал на ниту еден тенисер.

Во моментов втор на АТП-листата, Синер сериозно му се заканува на врвот и ја намалува разликата со Carlos Alcaraz, со кого води голема борба за првото место во светот.

Формата на Синер оваа сезона го вбројува меѓу главните фаворити за сите големи турнири што следуваат.