МТВ Сторија

Индијци останаа заглавени во Македонија поради авиокомпанија

30.03.2026 13:58

Четворица државјани на Индија кои работеле легално во земјава не можат да си заминат дома. Имаа проблем со процедурите на авиокомпанијата со која треба да летаат од Истанбул поради ескалацијата на војната на Блискиот Исток. Македонските власти им го продолжуваат престојот но нивното заминува од скопскиот аеродром зависи од авиорутата.

Не е филмот „Терминал“ туку вистинска неволја на четворица Индијци кои останаа заглавени во аеродромските процедури и на авиокомпанијата „Катар ервејс“. Работеле легално во земјава како електричари со вишо образование и дошло време да си заминат. И се почнало откако на 8 март на аеродромот во Скопје поради ескалацијата на војната на Блискиот Исток од персоналот на скопскиот аеродром не им било дозволено да летаат за Истанбул од каде требало да одат за Доха па за родниот Момбај.

Образложението било да не сносат одговорност ако ги пуштат во Истанбул. Македонските власти им го продолжиле престојот до 28 март, но повторно авиокомпанијата не ги примила на летот оставајќи ги во немилост.

„Заглавени сме овде скоро еден месец, а немаме лични карти, немаме пари и немаме сместување. Тоа е огромен проблем. Ја контактиравме „Катар ервејс“, но немаме одговор оттаму. Ја контактиравме и амбасадата, но и оттаму нема одговор. А требаше да одиме на нова работа на друго место, и таа работа ја загубивме, во неволја сме. Исто така имаме и семејства, многу сиромашни семејства на кои и им ги испраќавме сите пари. Сега и нашите семејства се во лоша ситуација“, изјави Абдул Вахид Кунатедат Манил.

После повеќе обиди од авиокомпанијата им понудиле лет на рута преку Америка каде тие никако не би можеле да влезат. МТВ се обиде да ги исконтактира, но без одговор. Согласно објавените протоколи за периодот од почетокот на војната авиокомпанијата мора да им компензира за сите настанати штети како директна последица од оваа ситуација и да им обезбеди лет ослободен од визни ограничувања. Македонските власти ќе ги толерираат Абдулвахид, Абдусамад, Уникришнан и Рајрету поради војната, но дали тоа ќе го реши нивниот проблем да си заминат во роднината. Сега за жал сè зависи од авиокомпанијата.

 

Фиљана Кока