мвр
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје
30.03.2026 21:11
Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници...

Утре и задутре во официјална посета на Р.С. Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
