Туризмот, енергетиката, металната и хемиската индустрија привлечни за турските бизнисмени
Подготвеност за инвестирање пред владината делегација изрази и група македонски иселеници од индустриската област Коџаели и Истанбул...

Турски бизнисмени се заинтересирани за инвестирање во туризмот, енергетиката, металската и хемиската индустрија во Македонија. Тие вчера по бизнис форумот во Измит имаа одделни средби со владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на кои подетално се запознаа со поволностите што им се нудат на странските инвеститори во Македонија.
Подготвеност за инвестирање пред владината делегација изрази и група македонски иселеници од индустриската област Коџаели и Истанбул. На разговорите за повеќе општествени и политички теми истакнале дека ја одржуваат врската со Македонија.
По завршувањето на бизнис форумот во Коџаели, владината делегација продолжува со претставување на условите за водење бизнис пред турски бизнисмени во градот Ескишехир, кој има развиена прехранбена, градежна и машинска индустрија и е еден од петте големи индустриски центри на Турција.
Наредните денови ќе се одржат бизнис форуми во турските градови Анкара, Адана и Мерсин.
Во среда се очекува да биде остварена средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со турскиот премиер Ахмет Давитоглу.
