МВР

Лишен од слобода гостиварец, возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

30.03.2026 16:24

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишија од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.