Статистика

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

30.03.2026 13:48

Како што информираат од ДЗС, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2026 се зголемени за 1,1 отсто во однос на претходниот месец и за 4 проценти во однос на истиот месец минатата година...

Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава вкупно се зголемени за еден отсто во однос на претходниот месец и за 4,2 процента во однос на истиот месецлани, соопшти Државниот завод за статстика.

Како што информираат од ДЗС, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2026 се зголемени за 1,1 отсто во однос на претходниот месец и за 4 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека на домашниот пазар во февруари 2026 година се зголемени за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 4,5 проценти во однос на истиот месец лани. 

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во февруари во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 3.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.8 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.5 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети. Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 17.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11.0 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 5.4 %, наведува Државниот завод за статстика.