Евроинтеграции

Филипче контра Мицкоски: Македонија нема децении за губење

30.03.2026 17:24

Филипче ја критикува власта дека не сака да ја види Македонија во ЕУ, туку изолирана, и оти ги предала националните интереси. СДСМ предупреди дека секое одложување на приемот во ЕУ и тера граѓаните на иселување.

Македонија нема децении за губење, вели лидерот на СДСМ Филипче, кој жестоко го критикуваше премиерот Мицкоски за изјавата од викендов дека нема да се прават уставни измени без да се добијат гаранции и предвидливост на процесот, макар тоа траело со децении.

Филипче ја критикува власта дека не сака да ја види Македонија во ЕУ, туку изолирана, и оти ги предала националните интереси. СДСМ предупреди дека секое одложување на приемот во ЕУ и тера граѓаните на иселување, и оти тоа може да влијае на внатрешната стабилност.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија – Филипче е тој што става јамка околу вратот на македонскиот народ со предавање на идентитетот.

Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме затоа што таа е идеја на почит, добрососедство и прифаќање на идентитетот на сите, а не потчинување и понижување на нашиот народ како што СДС тоа го замислува. Ние се бориме за решение кое ќе е достоинствено и нема да потклекнеме пред притисоците, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ирина Гелевска