Синнер го освои Мајами Опен

30.03.2026 14:23

Ова е 26-та титула во кариерата на Синнер и неговата седма во категоријата АТП 1000.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 34 минути и заврши со резултат 6:4 и 6:4.

Ова е 26-та титула во кариерата на Синнер и неговата седма во категоријата АТП 1000. Тој го комплетираше „сончевиот дабл“ со освојување на Индијан Велс и Мајами Опен во истата година.

Лехечка го играше своето прво финале на Мастерс 1000 турнирите.