Обвинителство

Советот на јавни обвинители не препозна притисоци врз Ристоска

30.03.2026 18:26

Советот не најде конкретни докази за повреда на нејзините самостојност и интегритет во изјавата на премиерот Мицкоски, кој иако не ја спомена по име, употреби термин медиокритет со клиентелистичко-политичка матрица.

Советот на јавни обвинители едногласно ја отфрли иницијативата на обвинителката, Ленче Ристоска, која се жалеше на притисоци од страна на власта. Советот не најде конкретни докази за повреда на нејзините самостојност и интегритет во изјавата на премиерот Мицкоски, кој иако не ја спомена по име, употреби термин медиокритет со клиентелистичко-политичка матрица.

Советот ја укина суспензијата на вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, кој се враќа на работа. Постапката за предметот против него за дисциплинска одговорност имала сериозни пропусти. Дисциплинската против поранешниот прв човек на вишото скопско обвинителство, Мустафа Хајрулахи, е прекината откако тој и се врати на адвокатурата.

Советот распиша огласи за повеќе градови, кои подолг период функционираат без јавни обвинители.

Игор Панов