Свет

На повидок мировни преговори САД-Иран

30.03.2026 19:33

Пакистан објави дека наскоро ќе биде домаќин на мировни разговори меѓу Вашингтон и Техеран.

По недели тивка дипломатија, Пакистан објави дека наскоро ќе биде домаќин на мировни разговори меѓу Вашингтон и Техеран.

„Разговаравме за можните начини за брзо и трајно завршување на војната. Среќни сме што и Иран и САД изразија доверба во Пакистан за олеснување на разговорите“, изјави Ишак Дар, министер за надворешни работи на Пакистан.

Ако нема договор и Ормускиот теснец не биде отворен, ќе ја уништиме енергетската инфраструктура на Иран и островот Харг кој намерно сè уште не е допрен, дециден е американскиот претседател.

„Гледам договор со Иран многу скоро. Се согласуваат со нас околу планот. Побаравме 15 работи, а за најголем дел тие се прифаќаат. Имаме многу добри состаноци, директно и индиректно, и мислам дека добиваме многу важни точки“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Техеран, пак, се закани со одговор ако распоредените илјадници американски трупи во регионот започнат копнена инвазија. Израел најави проширување на безбедносниот појас во јужен Либан. Пожар избувна во рафинерија во Хаифа по ракетен напад, Хезболах ја презеде одговорноста. За пресретнати ирански дронови јавуваат и дел од Заливските земји.

„Како одмаздничка акција, Иран ќе ги таргетираат резиденциите на командантите и политичките функционери на американскиот и ционистичкиот режим во регионот и на окупираните територии“, изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на централниот штаб на Катам ал-Анбија.

Велика Британија одново потенцираше дека не сака да учествува во борбите. Во исто време, Шпанија го затвори воздушниот простор за американски авиони вклучени во војната.

Маријана Димовска