Семејно насилство

Во случаите на семејно насилство, децата се најтивките жртви

30.03.2026 19:17

Семејното насилство не остава видливи траги само кај возрасните, туку длабоко ги погодува и децата. И кога молчат, тие страдаат. Последиците ги носат цел живот. Училиштата доколку имаат информации за семејно насилство го пријавуваат и соработуваат со соодветните институции, но потребно е да се работи со децата. Според училишниот психологот Попризова, потребна е работа и со сторителите на насилство...

Зад затворени врати страв, плач и тишина. Семејното насилство не остава видливи траги само кај возрасните, туку длабоко ги погодува и децата. Децата се најтивките жртви. И кога молчат, тие страдаат. Последиците ги носат цел живот.

Иако често не зборуваат, нивното однесување зборува наместо нив – повлеченост, агресија, пад на успехот во училиште. Училиштата доколку имаат информации за постоење на семејно насилство го пријавуваат и соработуваат со соодветните институции, но потребно е да се работи со децата за да го препознаат училиштето како средина во која може да побараат помош и поддршка.

Според училишниот психологот Попризова, потребна е работа и со сторителите на насилство.

Се почесто лицата кои се жртви на семејно насилство се охрабруваат да го пријават настанот во надлежните институции, велат од Заводот за ментално здравје.

Децата не смеат да бидат невидливи жртви, молчењето не е решение а поддршката за децата мора да биде приоритет.

Апелите се постојани од надлежните и не стивнуваат. Да се пријавува насилство, бидејќи еден повик може да смени нечиј живот.

Ана Јосифоска