Посета

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава

31.03.2026 08:34

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Ќе имаат тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите.

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Ќе имаат тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите.

Предвидено е и потпишување на Меморандум за соработка меѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели, како и заедничка прес-конференција.

Претседателот Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, а ќе го посети и Собранието, каде што ќе се обрати на 96-тата седница во сала „Македонија“.