ojo

Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман

31.03.2026 09:18

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.

Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додека жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението.