Денеска почнува судењето за 13 полицајци за трагедијата во Кочани
Во Кривичниот суд утре треба да почне судењето за 13 полициски службеници, за трагедијата во Кочани...

Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за 13 полициски службеници, за трагедијата во Кочани. Обвинети се за тешки дела против општата сигурност.
По реакциите на јавноста и на родителите на загинатите дека со непродолжување на мандатот на обвинителката Ивана Трајчева-Алексова, судскиот процес може да се пролонгира, од обвинителството тврдат дека нема да има застој во предметите за трагедијата во кочанската дискотека, во кои се обвинети полицајци и дека ниту еден почнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување.
За неисполнување на полициските должности при контролите на пулс, со три различни обвиненија потпишани од обвинителката Трајчева-Алексова, се гонат вкупно 23 полициски службеници. Почеток на судењето со нов обвинител чекаат уште деветмина од обвинетите. За тројца судењето е во тек.
