Украина

Нападите продолжуваат на двете страни

31.03.2026 12:41

Киев и Москва јавуваат за пресретнати дронови и повредени цивили. Зеленски ја предупреди Белорусија да не дозволи Русија да ја вовлече во војната и истакна дека Украина е подготвена да ги употреби сите средства ...

Продолжуваат борбите во Украина. Киев и Москва јавуваат за пресретнати дронови и повредени цивили. Зеленски ја предупреди Белорусија да не дозволи Русија да ја вовлече во војната и истакна дека Украина е подготвена да ги употреби сите средства за да спречи лансирање на ракети „Орешник“ од нејзина територија.

Тој, истовремено, нагласи дека блокираниот европски заем од 90 милијарди евра ја загрозува подготовката за зимата и ги повика лидерите на ЕУ да го решат прашањето.

„Најголемите ризици се подготовките за зимата. Планот за заштита на енергијата и водата мора да се заврши, но поради недостиг на средства големата работа сè уште не е почната. Сега е време да се вложат максимални напори за обезбедување на финансирањето“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.