Куба

Мексико разгледува можни договори за гориво

31.03.2026 11:37

По сигналите од САД и испораката на руска нафта за Куба, Мексико разгледува хуманитарна помош и можни договори за гориво, како продолжување на постојната соработка...

По сигналите од САД и испораката на руска нафта за Куба, Мексико разгледува хуманитарна помош и можни договори за гориво, како продолжување на постојната соработка, без да ја загрози својата позицијата на земјата.

„Едно е хуманитарната помош; друго се трговските договори што ги имаме со Куба. Ова не е ново и ова не се нужно преговори со САД. Мексико има целосно право да испраќа гориво, но не сака тоа да биде на штета на земјата“, изјави Клаудија Шајнбаум – претседателка на Мексико.

Од Белата куќа велат – нема промена во американската политика кон Куба, санкциите остануваат, а дозволата за рускиот танкер е од хуманитарни причини и ќе се разгледува по случај. Куба се обидува да го ублажи сериозниот недостиг на гориво што предизвика енергетска и економска криза.