УЕФА нема да ги поскапи билетите за Европското првенство 2028
31.03.2026 09:30
Според истиот извор, цените на билетите во најприфатливите категории ќе останат на исто ниво како и за Европското првенство во 2024 година.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) не планира да ги зголеми цените на билетите за Европското првенство во 2028 година, објави денеска „Атлетик“.
Според истиот извор, цените на билетите во најприфатливите категории ќе останат на исто ниво како и за Европското првенство во 2024 година.
Билетите за секторите „Fans first“ и „Category 3“ ќе чинат 30 и 60 евра, колку што изнесуваат цените на Европското првенство пред две години во Германија.
Следното Европско првенство ќе се одржи од 9 јуни до 9 јули 2028 година, во Англија, Шкотска, Велс и Ирска.
Фото: BBC
