Груевски во Ескишехир: Ние сме Влада пријателски настроена кон бизнисот
Продолжува владината бизнис презентација во економскиот џин, кој лежи на два континента. Во моментов е во тек бизнис форум во Ескишехир, град со силно развиена прехранбена, градежна и машинска индустрија, и еден од петте најголеми индустриски центри на Турција...

Туризмот, енергетиката, металската и хемиската индустрија, прехранбениот сектор... Ова се областите со најголем потенцијал за соработка меѓу македонските и турските компании, и областите во кои се очекуваат нови инвестиции од Турција.
Продолжува владината бизнис презентација во економскиот џин, кој лежи на два континента. Во моментов е во тек бизнис форум во Ескишехир, град со силно развиена прехранбена, градежна и машинска индустрија, и еден од петте најголеми индустриски центри на Турција.
„Ние сме Влада пријателски ориентирана кон бизнисот, ние сме влада којашто е во постојан контакт со бизнисот, со стопанските комори, со компаниите. Секојдневно комуницираме со нив, ги слушаме нивните барања, ги анализираме и огромен дел од нив ги прифаќаме и спроведуваме. Така планираме да продолжиме. За две години на листата на конкурентност на „Давос“, Македонија порасна за 18 места. Нема друига држава која направила таков скок за толку краток период, иако имаме уште многу да направиме во тој правец“, изјави премиерот Никола Груевски пред бизнисмените во Ескишехир.
Роуд – шоуто, кое што треба да резултира со нови инвестиции и со нови работни места, продолжува во Анкара, Адана и Мерсин.
Владината посета на Турција има и политички карактер. За утре се најавени средби на премиерот Груевски со претседателот Ердоган и премиерот Давутоглу.
