Финансии

Славески- Шиаочинг Ју: Народната банка внимателно ги следи глобалните ризици и е подготвена соодветно да реагира

31.03.2026 14:39

Во услови на висока неизвесност, Народната банка е особено фокусирана на меѓународните и домашните економски движења и е подготвена да реагира соодветно. Oва беше истакнато на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорката на Светската банка за Западен Балкан, Шиаочинг Ју.

Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата во Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои ги зголемија глобалните ризици, креирајќи нов  шок на страна на понудата и динамичен раст на цените на енергијата.

Во услови на висока неизвесност, Народната банка е особено фокусирана на меѓународните и домашните економски движења и е подготвена да реагира соодветно. Oва беше истакнато на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорката на Светската банка за Западен Балкан, Шиаочинг Ју.

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, континуирано ја оценува големината, природата и влијанието на шокови на домашната економија.

Според него, градењето отпорност бара кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел задржување на макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.