Геј меѓу победниците на „Саслонг“
Канаѓанецот Ерик Геј победи во возбудливиот спуст за Светскиот Куп, во италијанска Вал Гардена. Вториот триумф во најбрзата дисциплина досега, а вкупно четврти во кариерата, го извојува на патеката „Саслонг“, запишувајќи го своето име меѓу асовите на спустот коишто се радувале во италијанскиот дел од Доломитите.

Со резултат 1:56.65 Геј беше за 12 стотинки подобар од Норвежанецот Кјетил Јансруд, којшто ја продолжи одличната форма по вчерашното четврто место во супервелеслалом. Пиедесталот го надополни Французинот Јохан Клари, со заостанување од 24 стотинки. Четврти заврши славеникот во суперџи, Норвежанецот Аксел-Лунд Свиндал, петти повратникот во светското скијање, американскиот ветеран Боди Милер. Потфрлија Австријците, дури осуммина од нив се пласираа од десеттото до дваесеттото место.
Во поредокот за спуст води Свиндал со 200 бода, пред Геј со 147 и Италијанецот Доминик Парис со 129. Во генералниот пласман Норвежанецот уште повеќе се оддалечи од ривалите. Сега е на врвот со 510 бода, пред Австриецот Марсел Хиршер со 335 и Американецот Тед Лигети со 269.
*
Спуст (м), Вал Гардена
1.Ерик Геј КАН 1:56.65
2.Кјетил Јансруд НОР +0.12
3.Јохан Клари ФРА +0.24
4.Аксел Лунд-Свиндал НОР +0.29
5.Боди Милер САД +0.39