МВР

Потпишан меморандум за соработка помеѓу МВР– Центар за обука и Агенцијата за разузнавање

31.03.2026 16:04

Меморандумот има за цел воспоставување на меѓу институционална соработка на полето на зајакнување на човечки ресурси и институционални капацитети, особено во полето на развој на системот за учење и професионален развој, развој на компетенции на професионалци, како и во истражување, анализа и создавање на едукативен материјал.

Денес во Агенцијата за разузнавање е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука и Агенцијата за разузнавање.

Меморандумот има за цел воспоставување на меѓу институционална соработка на полето на зајакнување на човечки ресурси и институционални капацитети, особено во полето на развој на системот за учење и професионален развој, развој на компетенции на професионалци, како и во истражување, анализа и создавање на едукативен материјал.

Во рамки на соработката, двете институции ќе организираат заеднички обуки, ќе развиваат модули, програми, прирачници и дигитални содржини како поддршка на обуките, а ќе развиваат и организираат истражувачка дејност, анализи и ќе учествуваат во заеднички проекти.

За прв пат двете институции потпишуваат меѓусебен меморандум за ваков вид соработка, а истиот во име на Министерството за внатрешни работи го потпиша помошник на министерот на Центарот за обука м-р Влатко Митковски, а во име на Агенцијата за разузнавање меморандумот го потпиша директорката Габриела Јаковлева.