Македонија

Средба Љутков- Рокас

31.03.2026 19:53

Во фокусот на разговорите беа Охрид, Преспа и Дојран, како непроценливо природно и културно богатство со значителен потенцијал за одржлив развој и нивно поцврсто позиционирање како атрактивни туристички дестинации на регионално и на европско ниво.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари исклучително продуктивен и охрабрувачки состанок со евроамбасадорот Михалис Рокас, на кој беа разгледани конкретни можности за поддршка на идните активности во областа на културата и туризмот, информираат од Министерството за култура и туризам.

Во фокусот на разговорите беа Охрид, Преспа и Дојран, како непроценливо природно и културно богатство со значителен потенцијал за одржлив развој и нивно поцврсто позиционирање како атрактивни туристички дестинации на регионално и на европско ниво.

Посебен акцент беше ставен на заедничките проекти за развој на културниот туризам, преку стратешко мапирање на локалните ресурси, нивна соодветна промоција и креирање автентични туристички понуди. Исто така, беше истакната важноста на инвестициите во инфраструктурата, меѓу кои и реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, што ќе придонесе за подобра поврзаност и зголемен број на посетители.

Евроамбасадорот изрази јасна подготвеност за активна поддршка и вклученост во сите фази од процесот, додека министерот за култура и туризам ја нагласи определбата за продлабочување на соработката и реализација на конкретни и одржливи проекти во наредниот период, стои во соопштението.