39 полицајци погрешно постапиле по пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
Од Министерството засега не соопштуваат други детали од извештајот, посочуваат дека е испратен во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Извештајот за пропустите на полицајците од вчера е во Обвинителството и ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител, соопштија од институцијата.

Внатрешна контрола при МВР утврдила пропусти во постапувањето кај 39 полициски службеници по пријавите на семејно насилство во случајот со Стојанче Јовановски.
Од Министерството засега не соопштуваат други детали од извештајот, посочуваат дека е испратен во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Извештајот за пропустите на полицајците од вчера е во Обвинителството и ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител, соопштија од институцијата.
Стојанче Јовановски се товари за наведување на самоубиство на својата сопруга Ивана Јовановска, за загрозување на сигурноста и телесна повреда. На првото рочиште тој призна вина за две кривични дела, но потоа се предомисли.
Според сведочењата на мајката на Ивана, тој сурово и нечовечки се однесувал со неа, кажа дека по телото имала модринки. Многупати бил пријавуван во полиција за насилството што го извршувал врз неговата сопруга, во присуство на нивната 6 годишна ќерка Катја.
Неколку настани му претходеле на 2-ри март кога животите на Ивана и Катја завршуваат трагично. Меѓу нив и е инцидентот што се случил и на Клиниката за дигестивна хирургија кога Стојанче ја бутнал Ивана по скали. Сведоци на настанот биле болничари. Стојанче не бил приведен, туку по насилството врз Ивана ја зел Катја и избегал од болницата.
Наредното судење за овој случај треба да се одржи утре.
Викторија Милевска
