Сељами: Наместо реакција по трагедија, потребна е превенција
Потребно е системско следење на ризичните семејства, дури и кога жртвата на насилство не поднесува пријава. Институциите реагираат задоцнето- предупредува народниот правобранител.

Институциите реагираат задоцнето, потребно е системско следење на ризичните семејства, дури и кога жртвата на насилство не поднесува пријава.
Наместо реакција по трагедија, потребна е превенција- предупредува народниот правобранител. Порачува, со обука на полицијата и вработените во центрите за социјални работи до навремено препознавање на насилството.
„Заради тоа е потребно да се обезбеди превенција и координирано системско следење на семејства со ризично однесување, како и воспоставување механизми кои овозможуваат рана интервенција и заштита на децата и другите членови на семејството, дури и кога жртвата формално не поднесува пријава“, изјави Фатон Сељами – народен правобранител.
Омбудсманот како пример го посочи случајот со 30-годишната Рамајана Асан, убиена лани од нејзиниот партнер во Шуто Оризари, пред нивните малолетни деца.
„Утврдивме дека Центарот за социјална работа немал сознанија за состојбата на ова семејството и не знаел за проблемите, додека Министерството за внатрешни работи излезе со објаснување дека жртвата не сакала кривична постапка, туку само предупредување на сторителот“, нагласи Сељами.
Лани до Народниот правобранител стигнале девет претставки за семејно и родово базирано насилство.
Народниот правобранител нотира дека бројот на шелтер центри не е доволен и потребно е да се отворат во сите градови низ државата.
Андријана Ѓурческа
