Здравство

Тендерот не е распишан, со анекси ќе има терапија на Онкологија

31.03.2026 18:34

Се подготвуваат анекси на договорите за осумдесетина лека. Од Хема-Онко велат, само за еден лек може да има чекање и подолго, но тие пациенти ќе бидат покриени со друга терапија.

За две недели на Клиниката за Онкологија треба да стигнат терапиите што недостигаат во моментот. За канцер на дојка, за бели дробови, за меланом.

Се подготвуваат анекси на договорите за осумдесетина лека. Од Хема-Онко велат, само за еден лек може да има чекање и подолго, но тие пациенти ќе бидат покриени со друга терапија.

Тендерот за набавка на терапија за цела година треба да биде распишан деновиве, буџетот за оваа година ќе биде зголемен.

Предизвик останува немањето можности за навремена дијагностика.

Наташа Јанчиќ-Менковски