Салиу: Нема опасност од поплави во Македонија
Хидролошката состојба во Македонија е стабилна и засега нема опасност од поплави, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу...

Каква е ситуацијата во земјава, кога се во прашање можните поплави? Тетовскиот и струмичкиот регион, како и подрачјето по течението на Црна Река се најкритичните точки.
Хидролошката состојба во Македонија е стабилна и засега нема опасност од поплави, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Обилните дождови што ги донесе циклонот „Талија“ во изминатите денови не предизвикале поголема материјална штета, освен во општина Чашка каде на барање на градоначалникот е испратена механизација и наскоро се очекува санирање на штетите.
Од Дирекцијата за заштита и спасување ги повикуваат локалните власти, редовно да ги чистат речните корита, но и атмосферската канализација. Дирекцијата со предлог до владата, за набавка на машини за полнење песок, неопходни за градење заштитни насипи.
Салиу додаде дека ДЗС е максимално подготвена за евентуални поплави од поголеми размери и оти се преземаат низа превентивни мерки. Апелираше и локалните самоуправи да ги преземат потребните превентивни активности што се во нивна надлежност.
