Почнува судењето за 13 полициски службеници за случајот „Пулс“
За неисполнување на полициските должности при контролите на „Пулс“, со три различни обвиненија потпишани од обвинителката Трајчева-Алексова, се гонат вкупно 23 полициски службеници...

Стартува судењето за 13 полициски службеници, за трагедијата во Кочани. Обвинети се за тешки дела против општата сигурност.
По реакциите на јавноста и на родителите на загинатите дека со непродолжување на мандатот на обвинителката Ивана Трајчева-Алексова, судскиот процес може да се пролонгира, од обвинителството тврдат дека нема да има застој во предметите за трагедијата во кочанската дискотека, во кои се обвинети полицајци и дека ниту еден почнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување.
За неисполнување на полициските должности при контролите на „Пулс“, со три различни обвиненија потпишани од обвинителката Трајчева-Алексова, се гонат вкупно 23 полициски службеници. Почеток на судењето со нов обвинител чекаат уште деветмина од обвинетите. За тројца судењето е во тек.
