Македонија

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет во Скопје

01.04.2026 09:12

Претседателката Сиљановска Давкова вчера го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“, по што следеа тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција од која двајцата претседатели...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, кој од престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Претседателката Сиљановска Давкова вчера го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“, по што следеа тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција од која двајцата претседатели упатија порака за заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ со фокус на регионалната соработка.

Милатовиќ посочи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка.