Брисел предупредува за цената на реагенсите
Комесарот за енергија вели дека иако во моментов нема недостиг на нафта и гас во блокот, постои притисок врз снабдувањето со дизел и керозин, како и ризик од повисоки цени на електричната енергија...

Растечките цени на нафтата и гасот во Европа, како резултат на тековната војна со Иран, нема да се вратат на нормални нивоа наскоро, дури и ако утре биде прогласен мир, предупреди Европската унија. Комесарот за енергија вели дека иако во моментов нема недостиг на нафта и гас во блокот, постои притисок врз снабдувањето со дизел и керозин, како и ризик од повисоки цени на електричната енергија.
„Од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, цените во ЕУ се зголемија за околу 70% за гасот и за 60% за нафтата. Во финансиска смисла, 30 дена конфликт веќе ја чинат унијата 14 милијарди евра за увоз на фосилни горива. Овие бројки даваат многу јасна слика. Како што кризата на Блискиот Исток влегува во својот втор месец, јасно е дека се соочуваме со многу сериозна ситуација“, изјави Ден Јоргенсен, еврокомесар за енергија.
Комесарот ги охрабри членките на ЕУ да го разгледаат планот од 10 точки на Меѓународната агенција за енергија, кој вклучува работа од дома, намалена брзина на автопатиштата, употреба на јавниот превоз. ЕУ стои зад забраната за купување руски гас. Брисел разгледува нови извори на енергија од Азербејџан, Алжир и Канада, како и од помали производители од светот.
