УКРАИНА

Денеска ќе се одржи видеоповик меѓу украински и американски претставници

01.04.2026 10:31

Украина има два месеци да ги повлече своите трупи од Донбас, во спротивно Москва ќе го заземе регионот, а условите ќе станат потешки, вели Зеленски...

Украинскиот претседател објави дека Русија, преку американски посредници, му поставила ултиматум на Киев. Украина има два месеци да ги повлече своите трупи од Донбас, во спротивно Москва ќе го заземе регионот, а условите ќе станат потешки, вели Зеленски. Денеска ќе се одржи видеоповик меѓу украински и американски претставници, како и генералниот секретар на НАТО, Руте.

„Целите им се јасни. Нема да можат да купат ништо за два месеца. Тие го разбираат тоа совршено. Тие притискаат. Мислам дека денес Русија притиска врз Америка бидејќи се приближуваат, како што се нарекуваат во САД, среднорочни избори. Јасно е дека САД треба да преземат различни чекори, и внатре и надвор. Имаме голема надеж дека довербата во преговорите ќе го врати прашањето кон логиката, а не кон емотивноста на Русија, која веќе реагира на се“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Вчера, на одбележувањето на четиригодишнината од масакрот во Буча, шефовите на дипломатиите на ЕУ ја потврдија поддршката за Украина.