Во кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ се вклучува и Институтот за судска медицина

16.09.2014 14:05

Продолжува кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ за подигање на сообраќајната култура и свест. Во кампањата се вклучува и Институтот за судска медицина!

Продолжува кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ за подигање на сообраќајната култура и свест. Во кампањата се вклучува и Институтот за судска медицина!

„Во моето 40 годишно искуство во анализирањето на сообраќајните несреќи, јас не сум сретнал некој сеуште паметно да се повредил или паметно да погинал. Воглавно, сето тоа е заради нечија глупост, заради нечие невнимание, заради нечија несериозност и неодговорност. Мислам дека оваа кампања треба да продолжи, а моето длабоко чувство е дека треба и да се продлабочи“, изјави директорот на Институтот за судска медицина, проф. д-р Алексеј Дума.