УХМР

Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

01.04.2026 09:26

Попова Шапка утрово беше најстудено место во земјава со измерени-3 степени...

Попова Шапка утрово беше најстудено место во земјава со измерени-3 степени. Во Маврово беа измерени-1 степен, додека во Лазарополе и во Крушево беа измерени нула степени.

На Попова Шапка има и најмногу снег – 57 сантиметри.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Маврово (седум литри на метар квадратен), потоа во Битола шест, Охрид пет, додека врнежи имаше и во Претор, Попова Шапка, Берово, Лазарополе, Виница, Тополчани, Скопје, Демир Капија, Крушево.