ММФ: Шокот од војната ќе го забави растот на македонската економија и ќе ја зголеми инфлацијата
Шокот од цените на енергенсите, кој произлегува од војната на Блискиот Исток, се очекува да влијае негативно врз растот на македонската економија и повторно да создаде инфлаторни притисоци предвидува Меѓународниот монетарен фонд по консултациите со македонските власти...

Шокот од цените на енергенсите, кој произлегува од војната на Блискиот Исток, се очекува да влијае негативно врз растот на македонската економија и повторно да создаде инфлаторни притисоци предвидува Меѓународниот монетарен фонд по консултациите со македонските власти.
Монетарците посочуваат дека реалниот раст на БДП се проектира да забави на 3,1 проценти во 2026 година, а во исто време, повисоките глобални цени на нафтата се очекува да ја зголемат инфлацијата на околу 4,5% годинава, а дефицитот се очекува да се прошири на околу 5% од БДП во 2026 година.
Мисијата на ММФ побара од народна банка да ја затегне монетарната политика заради комбинацијата на енергетскиот шок и сè уште силната домашна побарувачка. Според монетарците НБРМ треба да премине кон аукции со целосна алокација на благајнички записи и да ја зголеми основната каматна стапка.
